Славната пејачка прошетала само по градник и проѕирни хеланки ФОТО

1,055

Контроверзната пејачка има необична стилски комбинации, а не се осврнува и на критиките за својот изглед и вишоците.

Леди Гага (34) ги зачудила минувачите во саботата со својот изглед, додека шетала со момчето Мајкл Полански (42).






Пејачката и претприемачот се забележани во кварт во Холивуд, Лос Анџелес со кафе во рацете. Додека Мајкл бил облечен во нормална лежерна комбинација, Леди Гага изненадила со своето издание.

Пејачката облекла црни хеланки, кои биле делумно мрежести и проѕирни, патики, но нејзиниот горен дел предизвикал чудење. Имено, носела само градник, а нејзиниот стомак малку „прелеал“ над хеланките.

Гага така покажала дека не ѝ недостасува самодоверба, иако се опуштила со вежбањето. Пејачката и нејзиното момче носеле заштитни маски за лице придржувајќи се до правилата за сигурност поради коронавирусот, а во еден момент се прегрнале на паркингот.

Гага претходно ја критикуваа поради нејзините разголени комбинации кои што премногу откриваа. Исто така, јавноста го коментира нејзиниот вишок килограми во смелите стајлинзи.

 

 

 

View this post on Instagram

 

Lady Gaga and her boyfriend Michael out in Los Angeles yesterday 💓 (May 30th) – Edit: look at her Chromatica necklace 😍

A post shared by Lady Gaga News ✨ (@ladygaganewwss) on

FOTO: Instagram

Поврзани содржини