📷 СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ПРИЗНА ДЕКА КОРИСТЕЛА ОЗЕМПИК ЗА ДА ОСЛАБЕ Добитничката на Греми порано тежела 149 килограми, а сега откри како се преполовила

Познатата пејачка и добитничка на Греми, Лизо, првично негираше дека користела Оземпик, но во неодамнешен поткаст откри дека го користела, но само за кратко време.

276

Познатата пејачка и добитничка на Греми, Лизо, за првпат отворено проговори за употребата на лекот оземпик. Во четврток, во поткастот „Само Триш“ (Just Trish), таа потврди дека го користела овој лек кратко време, на почетокот на 2023 година, но брзо се откажала од него.

– Пробав сè. Оземпик делува затоа што јадеш помалку, нели? Ако јадеш како што треба,  правилно, се чувствуваш ситп – објаснила Лизо. Таа додала дека е важно да ги контролирате сопствените навики.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)


Пејачката тврди дека за остварување на целта не била пресудна терапијата со лекови, туку промената во исхраната. Иако со години била веганка, таа признала дека оваа исхрана ја попречувала.

– Кога бев веганка, јадев многу лажно месо, леб и ориз. Морав да јадам многу за да останам сита. Внесував од 3.000 до 5.000 калории дневно – рекла таа.

Промената дошла кога таа се вратила на консумирањето намирници од цело зрно, вклучувајќи го и месото.

– Кога почнав да јадам вистинска храна, говедско, пилешко, риба, се чувствував сито. Повеќе не го ширев стомакот со вештачки состојки кои не ме заситуваа – рекла Лизо, додавајќи дека иако престанала да зема оземпик, не ги осудува оние што го користат.

– Тоа не е измама. Тоа е лек кој му помага на некого да се справи со нешто што му е тешко. Работев напорно и сè правев намерно. Кога некој ќе ми даде комплимент, велам: „Благодарам“. Го прифаќам искрено затоа што се трудев – додала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)


Дури и минатата година, Лизо јавно ги негираше гласините дека користи оземпик. На почетокот на годината, таа објави дека ја достигнала посакуваната тежина:

– Успеав. Денес ја достигнав мојата цел. Не сум ја видела таа бројка од 2014 година.

Во други интервјуа, Лизо објасни зошто не го користи терминот „губење на килограмите“, туку „ослободување од килограмите“, на што ја охрабрило нејзиното момче. Лизо верува дека е важно да се биде внимателен со зборовите:

– Не сакам ништо да губам, сакам да добијам. Сè што ќе кажам, младите луѓе го впиваат. И јас го правев тоа кога бев дете.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating)

Поврзани содржини