СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ПОЧИНА НА 39 ГОДИНИ Лавовски се бореше против ракот

2,275

Британската пејачка Сара Хардинг, членка на некогаш популарниот женски бенд „Грлс алауд“, почина вчера на 39 -годишна возраст по долга и тешка борба со ракот на дојката.

Потресната вест ја објави нејзината мајка Мери на Инстаграм.






– Со срце полно со тага, ве известувам дека мојата прекрасна ќерка Сара, за жал, почина. Многумина од вас знаат за борбата на Сара со ракот и колку силно се бореше од дијагнозата до последниот ден. Таа мирно замина утрово. Би сакала да им се заблагодарам на сите за љубовта и поддршка минатата година. Тоа многу ѝзначеше на Сара и ѝ даде голема сила и утеха што знае дека е сакана. Знам дека не би сакале да ја паметите по борбата против оваа страшна болест – таа беше голема sвезда и се надевам дека така и ќе ја паметите“, напишала Мери.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Harding (@sarahnicoleharding)

За потсетување, Сара во март годинава ја објави книгата „Hear Me Out“, во која, меѓу другото, ја опиша и својата борба против ракот.

„Во декември, лекарот ми рече дека претстојниот Божиќ најверојатно ќе биде мојот последен. Не сакам точна прогноза. Не знам зошто некој би го сакал тоа. Она што сега ми е важно е да ми е удобно и да немам болки. Се обидувам да живеам и да уживам во секоја секунда од мојот живот, без разлика уште колку ќе трае. Во текот на сето ова, понекогаш пијам чаша или две вино, бидејќи ми помага да се опуштам“, напишала Сара.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Harding (@sarahnicoleharding)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини