Славната Никита наскоро ќе полни 50 години: Еве како денес изгледа ФОТО

765

Улогата на фаталниот таен агент тогаш ѝ беше доверена на австралиската актерка Пета Вилсон (49), која во тоа време имаше 27 години. Повеќе од 200 кандидатки се пријавиле на аудицијата за спомнатата улога, но на продуцентите им го привлекла вниманието токму таа – иако била само студентка по глума и без претходни забележителни аранжмани.

Се покажало дека тие го направиле најдобриот можен избор – Пета била одлична во оваа улога, која ѝ донесе светска слава, успех и богатство, а малкумина останаа имуни на нејзината привлечност.






Мажите уживаа во глетката на нејзината секси фигура, убавото лице и небесно сините очи, но денес, 19 години по крајот на серијата, оваа дама речиси и да не личи на себе!

Специфичната убавина на Вилсон и големиот успех на серијата, сепак, не ѝ помогнаа да се најде на списокот на холивудската А-листа. Таа продолжи да снима бројни филмови, иако не блокбастери, но се откажа од глумата во 2012 година, снимајќи само уште една епизодна улога во 2015 година.

Тогаш, во едно интервју, таа раскажа дека не ѝ недостасува ниту глумата, ниту светот на гламурот, и дека нејзиниот приоритет е семејниот живот и воспитувањето на нејзиниот син Марлоу, кого го доби во бракот со сценаристот Демиен Харис.

Пета активно се занимавала со дизајн – имала свој бренд за долна облека, но неодамна го запрела производството и ја затворила продавницата. Само повремено, снима по некој документарен филм или се појавува на телевизиски емисии.

Интересно е што оваа дама, која порано ги кршеше срцата на заводниците како Расел Кроу и Мик Џегер, денес сепак изгледа поразлично – се здебелила неколку килограми, но се откажала и од имиџот на фатална жена. Сепак, таа сепак е многу убава и негувана жена.

 

 

View this post on Instagram

 

#México 🇲🇽 #petawilson 😘

A post shared by PETA WILSON (@iampetawilson) on

Peta Wilson face.jpg

ФОТО: Инстаграм/Википедија/Фејсбук

Поврзани содржини