📷 СЛАВНАТА МАРГО РОБИ ПОУБАВА ОД КОГА И ДА Е Насмеана го покажа голиот труднички стомак на одмор на Сардинија

Актерката Марго Роби неодамна пристигна на одмор на Сардинија, со сопругот, продуцентот Том Акерли, со кој го очекува своето прво дете.

701

Актерката Марго Роби неодамна пристигна на одмор на Сардинија, со сопругот, продуцентот Том Акерли, со кој го очекува своето прво дете.






Марго и нејзиниот сопруг ги снимија фотографите, а актерката во лежерна комбинација го покажа трудничкиот стомак. Актерката облекла црни панталони и бела кошула кои ја откопчала за да го нагласи трудничкиот стомак.

На почетокот на јули се дозна дека актерката е бремена. Таа беше со Том на езерото Комо, а Марго за таа прилика носеше бел краток топ во кој го покажа трудничкиот стомак. Набргу потоа, парот беше на Вимблдон каде го истакна својот стомак во бел фустан.

Да потсетиме, Роби и Акерли се запознале во 2013 година на снимањето на филмот „Suite Francaise“. Марго имаше споредна улога во филмот, а Том работеше како асистент. Филмската екипа толку се зближила за време на снимањето што сите почнале да живеат заедно. Тие изнајмиле имот во еден лондонски кварт и се погрижиле тоа да може си го дозволи дури и најслабо платениот член на тимот од сетот. Марго и Том тогаш ја криеле својата врска, но за нивната љубов набрзо се дознало.

„Го чувавме тоа во тајност. Затоа што, на почетокот, не го сфаќавме сериозно. Како да сме само пријатели, само пријатели, а потоа сите дознаа… Беше драматично. Нема да навлегувам во детали, но нашата куќа на момент се претвори во „Шоуто на Џери Спрингер“. Но, потоа се стиши и сè беше добро – рекла во една прилика Марго.

Во 2016 година, парот се венча на интимна церемонија, а една година подоцна се пресели во Лос Анџелес.

Поврзани содржини