Светскиот топ-модел Хајди Клум, меѓу другото, е позната и како голем љубител на кучиња. На една од последните објави на Инстаграм, Хајди позира целосно гола, лежејќи на подот покрај нејзиното куче Антон.
„Одиме, Антон“, напишала таа под фотографијата, а стратешкото место (задникот) го покрила со емотикон од праска.
Хајди одамна ја деактивираше функцијата за коментирање на Инстаграм, па нејзините следбеници беа ускратени да ја коментираат оваа необична фотографија.
Манекенката живее со своите четири кучиња во нејзината вила во Лос Анџелес. Покрај Антон, тука се и Макс и Фреди, додека нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулик, го донесе и неговото куче Скоти.
Ирскиот вучјак Антон живее со двојката од април, а Хајди и Том купија ново куче како подарок за венчавка. Дека се приврзани за своите кучиња, манекенката покажува и на својот профил на Инстаграм. Освен тоа што животните можат да престојуваат во креветот, Хајди покажа и дека се тушира со Антон.
FOTO: Instagram