Американската манекенка Џиџи Хадид (26) беше фотографирана додека одеше на ручек во Њујорк со својата ќеркичка Каи, а во таа прилика туркаше многу скапа детска количка.
Имено, убавата манекенка се упатила во ресторанот „Смајл“ во опуштена комбинација на облека со позлатена количка „Cybex by Jeremy Scott Wings Collection“ која чини околу 2.500 евра.
Хадид била облечена целата во бело – носела бели панталони со циркони и бела маица, бели патики, а на сето тоа маслинесто зелени чорапи.
Убавата манекенка го потполнила целиот изглед со кафеави очила за сонце и со многу накит, а сите се прашуваат каде е нејзиниот партнер Зејн.
„Зошто е секогаш сама со дете?“, „Каде е Зејн“, „Сè уште е убава“, „Кому друг му е потребна количка со златни крилја хаха?“, гласеле коментарите на фановите.
Џиџи Хадид е во врска со познатиот пејач Зејн Малик со години, а лани го добија своето прво дете, ќерката Каи.
Имено, Џиџи потекнува од богато семејство, а и самата заработува милиони долари од својата професија на манекенка и супермодел.
Нејзиниот татко Мохамед е трговец со недвижности, чие богатство се проценува на повеќе од 100 милиони долари.