Славната манекенка осудена поради затајување на данок
Израелскиот топ модел со три милиони следбеници на Инстаграм беше осудена на 20 јули за давање лажни изјави за периодите на престој во странство за да се избегнат израелските даноци.
Израелското правосудство ја осуди познатата манекенка Бар Рафаели на девет месеци општокорисна работа и ја казни со повеќе од 600.000 евра за затајување данок.
Израелскиот топ модел со три милиони следбеници на Инстаграм беше осудена на 20 јули за давање лажни изјави за периодите на престој во странство за да се избегнат израелските даноци.
Таа се изјасни за виновна според казнениот договор кој предвидува девет месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, или 610.000 евра, како и надомест за заостанатите даноци.
Договорот го потврди судот на Тел Авив во неделата, пренесува АФП.
Израелските граѓани кои престојуваат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинуваат манекенката и нејзината мајка дека пријавиле измислен престој во странство за да ја искористат дупката во израелскиот закон и да плаќаат помалку даноци.
Мајката на манекенката Ципи Рафаели, која исто така се изјасни за виновна и преговараше за изрекување казна, беше осудена на 16 месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, плус заостанатите даноци.
Бар Рафаели ќе започне со работа за општо добро на 21 септември.
Оваа пресуда стави крај на долгогодишните судски постапки.