📷 СЛАВНАТА МАНЕКЕНКА НА 71 ГОДИНА ПОЗИРАШЕ ВО БИКИНИ „Изгледаш како повторно да имаш 16 години!“
Познатата манекенка Кристи Бринкли се пофали на Инстаграм со фотографии на кои позира во црвено бикини и ги воодушеви своите следбеници. Таа направика селфи додека се возела со бродот, а на фотографиите позираше во црвено бикини.
Познатата манекенка Кристи Бринкли се пофали на Инстаграм со фотографии на кои позира во црвено бикини и ги воодушеви своите следбеници. Таа направика селфи додека се возела со бродот, а на фотографиите позираше во црвено бикини.
„Се чувствувам оптимистично и се надевам дека и вие се чувствувате исто. Им посакувам на сите блескави сончеви денови“, напишала таа покрај фотографиите, а нејзините следбеници ја опсипале со комплименти коментарите.
View this post on Instagram
„Вау“, „Изгледаш фантастично“, „Изгледаш одлично и на 71 година“, „Изгледаш како повторно да имаш 16 години“, „Сè уште изгледаш неверојатно“, „Изгледаш среќно“ и „Апсолутно прекрасна. Прекрасна насмевка“, напишаа тие.
Бринкли во објавата најавила дека нејзините мемоари „Uptown Girl“ ќе излезат на 29 април. Насловот е инспириран од песната од нејзиниот поранешен партнер Били Џоел, а во нив таа пишува за својата кариера, која ја започнала како тинејџерка.
Таа стана позната во 1970-тите години со појавувањето на три последователни насловни страници на бројот на „Спортс илустрејтид“ и соработката со познати брендови како што е „КоверГрл“.
Освен макенската кариера, Бринкли глумела и во филмови, а е најпозната по улогата во „National Lampoon’s Vacation“ од 1983 година. Таа е активна во разни деловни потфати, а позната е и по нејзината вклученост во заштитата на животната средина и правата на животните. Во приватниот живот, таа беше мажена четири пати и има три деца. Таа неодамна откри дека имала рак на кожата, кој успешно го излекувала.