Поранешниот светски топмодел Паулина Поришкова на својот профил на Инстаграм објави секси фотографија на која позира облечена само во долги мрежести чорапи, подвески, градник, гаќички и високи потпетици и заработи повеќе од 30.000 лајкови.
На фотографијата може да се види како манекенката седи на клупа, потпрена на пијано и замислено гледа настрана.
„Да се биде убава не е привилегија. Тоа е подарок. Разликата? Привилегијата е предност, придобивка. Убавината може да привлече исто, но не е корисна сама по себе. Од вас зависи што ќе правите со предностите или недостатоците на убавината. Подарокот е незаслужено задолжување, но сите претпоставуваме дека тоа секогаш е благослов“, напишала таа.
„Што ако имате доживотно бесплатно Порше, но живеете на остров на кој нема ништо освен патеки за велосипеди? И немате поим како да возите? Дали е тоа, сепак, подарок?“, прашала Поришкова.
„Сфаќам дека ваквата фотографија ќе привлече многу одвратни коментари од мажи и тролови, но не се каам. Жени, ова не е натпревар, ова е прогласување на моќта. Мое тело, мој избор“, заклучила таа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм