Манекенката Криси Тајген на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека има лузни на градите, после операцијата на која и се извадени силиконите.
Сопругата на музичарот Џон Леџенд објави фотографии и видео од лузните бидејќи обожавателите не ѝ веруваа дека навистина се оперирала, туку често ѝ коментираа дека само сака да привлече внимание и дека ја лажирала целата ситуција.
Таа сега одлучи јавно, на инстаграм-стори да ги покаже своите лузни. Манекенката спореди фотографија од болница, како и кратко видео на кое ги снима своите гради со лузни.
„Пријателите постојано ми велат дека луѓето не веруваат дека ги отстранив силиконите. Ова се лузните“, вели на видеото.
„Верувајте ми“, напиша таа во описот на фотографијата од операцијата.
Криси се подложи на операција на отстранување на имплантите од нејзините гради минатиот месец, со образложение дека големите гради ѝ претставувале проблем.