Mанекенката Криси Тајген доживеа спонтан абортус. Откако беше хоспитализирана пред три дена во петтиот месец од бременоста поради обилно крвавање од плацентата, таа синоќа преку потресна објава на Инстаграм откри дека го изгубила бебето.
„Шокирани сме и во длабоката болка за која само слушате, во онаа болка која никогаш порано не сме ја почувствувале. Не успеавме да го запреме крвавењето и да му ја дадеме на бебето потребната течност, и покрај ќеси и ќеси за трансфузија на крв. Едноставно не беше доволно”, напишала Криси покрај црно-белата фотографија на која седи на болнички кревет и плаче.
„Никогаш не одлучуваме за имињата на бебињата до последниот можен момент, непосредно пред да ја напуштиме болницата. Но, поради некоја причина, започнавме да го нарекуваме ова мало момче во мојот стомак Џек. Значи, тој секогаш ќе биде Џек за нас. Џек толку многу се трудеше да биде дел од тоа нашето мало семејство и ќе биде засекогаш“, додала таа.
„На нашиот Џек – жал ми е што имаше толку многу компликации што не можевме да ти го дадеме домот што ти требаше за да преживеете. Ние секогаш ќе те сакаме“, напиша скршената манекенка.
Тајген, која е во брак со музичарот Џон Леџенд, изрази благодарност до своето семејство – вклучувајќи ги и ќерката и синот, Лула и Мајлс, и до нејзините следбеници што ја поддржуваат.
ФОТО: Инстаграм