Славната американска комичарка Кети Грифин (60) во интервјуто за Еј-би-си открила дека има рак на белите дробови, а сето тоа го објавила и на социјалните мрежи.
На Инстаграм во понеделникот објавила дека има рак на белите дробови и дека е пред операција во која ќе ѝ биде отстранет дел од белите дробови.
„Луѓе, морам да ви кажам нешто. Имам рак. Наскоро ќе одам на операција на која ќе ми се отстрани дел од левото белодробно крило. Да, имам рак на белите дробови иако никогаш во животот не сум пушела. Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот е во прва фаза и се задржал на левото белодробно крило. Се надевам дека по операцијаата нема да мора да одам на хемотерапија ниту на зрачење и дека ќе да можам да дишам нормално. Треба да сум во движење веќе по еден месец. Последните четири години навистина ми беа тешки, се обидував да се вратам на работа, ве терав да се смеете и да се забавувате, но ќе бидам добро. Се разбира, јас сум вакцинирана против ковид. Ако не го направев тоа, последиците би биле уште посериозни. Ве молам, одете на редовни прегледи. тоа ќе ви го спаси животот“, заклучила таа.
Грифин додала дека се вакцинирала против коронавирусот и замолила сите редовно да се прегледуваат кај своите лекари. Комичарката лани ги загрижи обожавателите кога заврши во болница поради болки во стомакот, а подоцна раскажа дека сето тоа веројатно било поради компликациите поради коронавирусот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм