Турската актерка Мерjем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, со своето издание без грам шминка успеа да ги изненади обожавателите.
Узерли на својот инстаграм-профил објави фотографија која предизвика лавина реакции. Многумина го пофалија нејзиниот природен изглед, и коментираа дека таа блеска откако се породи по вторпат.
Актерката позираше без трошка шминка и разбушавена, но и покрај тоа, ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, па комплиментите за нејзиниот изглед само се нижат.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм