СЛАВНАТА АКТЕРКА СЕ ОТКАЖУВА ОД ГЛУМАТА ПОРАДИ ТЕШКАТА БОЛЕСТ Денеска првпат се појави во јавноста (ФОТО)
Кристина Еплгејт (50) денеска го прослави поставувањето ѕвезда во нејзина чест на Булеварот на славните. Таа се појави со бастун и боса.
Кристина Еплгејт, која ја игра главната улога во серијата на Нетфликс „Dead to Me“, додека публиката ја памети по улогата во серијата „Брачни води“ од 90-тите, признала дека нејзината кариера наскоро би можела да заврши поради борбата со болеста.
Еплгејт изјави дека е можно нејзината кариера да заврши поради нејзината непрекината борба со мултиплекс склероза. Болеста ѝ беше дијагностицирана во 2021 година, а потоа нејзиниот живот прилично се промени.
Кристина Еплгејт (50) денеска го прослави поставувањето ѕвезда во нејзина чест на Булеварот на славните. Таа се појави со бастун и боса. Актерката неодамна изјави дека поради болеста се здебелила и дека не може да оди без бастун.
View this post on Instagram
Неодамна актерката даде интервју за „Варијети“ каде изјави дека ликот на Џен Хардинг што го толкува во „Dead to Me“ е многу веројатно последниот што таа ќе го глуми.
„Со мојата болест, не знам колку сум способна. Но, ова беше подарок, ова беше подарок за мене“, рекла таа.
Еплгејт објаснила дека на снимањето мора да ѝ биде ладно и дека не може да работи 18 часа на ден и рекла дека тоа би било невозможно. Таа, исто така, ја пофалила Лиз Фелдман и остатокот од актерската екипа за тоа што ѝ покажале поддршка и биле „полни со љубов“.
Таа открила и дека од Нетфликс имале разбирање за нејзината состојба, дека екипата дури го менувала снимањето ако денот не бил добар: „Ако им се јавев наутро и им кажев: ‘Друштво, не можам да се симнам по скалите’, тие велеа: „Во ред! Нема да го правиме тоа денес. Ќе правиме други работи“.
Нетфликс е исто така вклучен и сака да ѝ помогне на актерката да оздрави: „Нетфликс дури ни дозволи да земеме пауза неколку месеци за да можам да започнам со лекување“.
Но, крајот на нејзината актерска кариера можеби не е крај на нејзината професионална кариера бидејќи има многу можности во Холивуд, да продуцира, да пишува и многу други работи што таа може да ги прави додека се бори со болеста.
„Би сакала да развивам работи, би сакала да произведувам работи, имам многу идеи во мојата глава и само треба да ги спроведам“, рекла таа.
ФОТО: Инстаграм