Иако многу актери и актерки ги редат своите награди на видни места во домот, британската актерка Розамунд Пајк (42) има поинаква пракса.
Во интервјуто кај Елен Деџенерис, Пајк открила дека своите трофеи ги закопува во градината зад куќата.
Покрај бројните награди што ги добила за време на својата долгогодишна кариера, Розамунд неодамна ја збогати својата колекција трофеи со Златен глобус што го доби во категоријата Најдобра актерка во комедија, за улогата во „I Care A Lot“.
Иако многумина одвај би ја дочекале приликата да се пофалат со своите награди, Пајк, сепак, нема потреба да го прави тоа.
– Проблемот е од психолошка природа. Ако во публиката има некој психијатар/психолог, веројатно ќе каже дека станува збор за синдром на натрапник. Не ми е пријатно да ги претставувам своите награди на тој начин. Како ќе се однесуваат луѓето кога ќе ги видат во мојот дом? Дали ќе кажат: „Ох Боже, види, сите овие се твои награди!“. Непријатно ми е, затоа ги закопувам во градината, но секогаш им ѕирка мал дел од земјата – да кажеме, рака или врв на глобус – вели Розамунд.
Додава дека сето тоа го смета за многу забавно, особено затоа што верува дека во иднина некој друг ќе ја купи нејзината куќа и ќе ги пронајде наградите:
„Ќе мислат дека пронашле закопано богатство, а потоа ќе откријат дека тоа се само награди. Веројатно ќе се прашуваат во што е трикот“, додала актерката.