СЛАВНАТА АКТЕРКА НЕПРЕПОЗНАТЛИВА! Со вишок килограми и збрчкано лице не личи на себе (ФОТО)

Папараците ја уловија на снимањето на серијата „The thing about Pam“, во која ја глуми Пам Хап осудена за убиство, а Рене на фотографиите не личи на себе.

2,423

Холивудската актерка Рене Зелвегер (52) мораше повторно драстично да го промени својот изглед поради новата улога, што уште еднаш потврди дека со причина се смета за кралица на трансформациите.

Папараците ја уловија на снимањето на серијата „The thing about Pam“, во која ја глуми Пам Хап осудена за убиство, а Рене на фотографиите не личи на себе.






Со неколку вишок килограми и збрчкано лице, холивудската актерка не е лесно да се препознае, но овој пат таа само навидум се здебели со помош на специјален костум, т.н. „fat suit“ (дебел костум во буквален превод) за да може да ја задржи својата вита фигура, а на нејзиното лице е користена простетика.

Новите фотографии на актерката го обиколија светот и таа уште еднаш успеа сите да ги зачуди со своето непрепознатливо издание, а многумина веќе со нетрпение ја очекуваат нејзината нова серија.

Нејзината најпозната трансформација беше за улогата на пополната Британка Бриџит Џонс, за која не користеше специјален костум и всушност мошне се здебели, а потоа совршено го совлада британскиот акцент, иако е родена во Тексас.

Инаку, Рене во последните години честопати беше обвинувана дека претерала со естетските процедури и дека има вештачки изглед, а многу нејзини обожаватели се согласуваат дека изгледала многу подобро со облини отколку кога е тенка.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини