📷 СЛАВНАТА АКТЕРКА ИМА МИСТЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ Оскаровката на црвениот тепих со бастун, тешко оди и зборува
Актерката Ана Пакин оди со помош на бастун на црвениот тепих, нејзиното здравје е мистерија.
Актерката Ана Пакин прошета на црвениот тепих со помош на бастун, нејзиното здравје е мистерија.
Холивудската актерка Ана Пакин (41) ги изненади сите кога се појави на црвениот тепих одејќи со помош на бастун.
Ана Пакин била во друштво на својот сопруг Стивен Мојер на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот филм „A bit of light“, и ги потврди гласините за здравствен проблем.
View this post on Instagram
Оскаровката ретко се појавуваше во јавноста во последните неколку години, а последен пат прошета на црвениот тепих во октомври 2022 година.
Според пишувањето на медиумите, Ана има неименуван медицински проблем кој и предизвикува тешкотии во одењето и зборувањето.
„Не ми е лесно“, потврдила таа, но не открила за каква болест или нарушување се работи.
View this post on Instagram
Ана Пакин е втората најмлада добитничка на Оскар, откако ја доби златната статуетка за филмот „Пијано“ во 1994 година, кога имаше само 11 години.
ФОТО: Инстаграм