„СЛАВИШКО ПОЛЕ“ ЌЕ НАВОДНУВА ЗЕМЈИШТЕ КОЕ ГО КОРИСТАТ 500 ДОМАЌИНСТВА Николовски вели дека земјоделците три пати ќе го зголемат производството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски изјави дека системот за наводнување „Славишко поле“ ќе им овозможи на земјоделците за три пати да го зголемат производството и никогаш повеќе да не се грижат како да донесат вода на нивите.

219

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, претставникот од делегацијата на Европската Унија Феручио Бого и градоначалниците на општините Ранковце и Крива Паланка, присуствуваше на пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“, во општина Ранковце.

Системот за наводнување „Славишко поле“ е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија, во вредност од близу 1,8 милиони евра, како дел од проектот на ИПА за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, чија што вкупна вредност изнесува околу 10 милиони евра.






Премиерот Ковачевски упати благодарност до делегацијата на Европската Унија и изјави дека со овој систем земјоделците од регионот на Ранковце и Крива Паланка добиваат организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини, со што се обезбедува одржливо производство за земјоделците од регионот.

– Постоечкиот систем за наводнување беше нефункционален, со минимален капацитет за наводнување од само 40 хектари. Сега со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го обработуваат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци. Земјоделците, во текот на целата година ќе имаат достапна вода за наводнување на земјоделските посеви, што крајно ќе влијае врз зголемување на земјоделското производство, не само во квантитет туку и во квалитет. Наводнувањето и инвестициите во водостопанската инфраструктура се основата за развојот на земјоделството и токму затоа ставаме силен фокус на ваквите инвестиции како денешната, особено во овие времиња на криза кога е важно да произведеме што повеќе храна – подвлече Ковачевски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски изјави дека системот за наводнување „Славишко поле“ ќе им овозможи на земјоделците за три пати да го зголемат производството и никогаш повеќе да не се грижат како да донесат вода на нивите.

Поврзани содржини