Славески вети рамен данок и инвестиции од 4 милијарди евра
Славески вети и нулта толеранција за корупцијата и подобрување на перцепцијата за борба против корупцијата.
Раст на домашниот бруто производ од 4 до 5 отсто горишно, рамен данок, зголемени плати за 25 отсто за мандатот како и инвестиции од 4 милијарди евра, најави денеска ВМРО-ДПМНЕ во програмата за претстојните избори.
– Имаме и неколку цели, а тие се раст на БДП од 4 до 5 проценти годишно, очекуваме заздравување на економијата уште во првиот квартал наредната година, намалување на стапка на невработеност под 10 проценти, зголемување на плати за 25 проценти за 4 години, домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за 4 години, зголемување на извозна конкурентност – изјави Трајко Славески., член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати рамниот данок.
– Она што е многу важно во јавните финансии, ние не отстапуваме од политиката на ниски едноставни, рамни даноци – рече Славески.
Славески вети и нулта толеранција за корупцијата и подобрување на перцепцијата за борба против корупцијата.
– Сега земјата се наоѓа во втората половина на листата. Ова мора да се промени, да ја поместиме Македонија во првата половина, а на крај на мандатот да ја приближиме до првата третина најмалку корумпирани држави. Ова ќе го направиме преку транспарентност и нулта толеранција за корупцијата, се обврзуваме на тоа – рече Славески.