Славески: Приучените експерти од СДСМ во ек на економска криза воведуваат кризен данок

Славески потенцираше дека ваквата предложена давачка од страна на СДСМ не само што ќе ги намали буџетите на граѓаните туку и ќе влијае врз покачување на сите цени што дополнително ја прави неоправдана мерка.

980

ВМРО-ДПМНЕ неслучајно реагира за еколошката такса која владата сака да ја воведе но во суштина таа е кризен данок. Тајмингот за воведување на вакво дополнително оптоварување на буџетот на граѓаните е лош токму поради економската криза која сè уште се чувствува, рече Трајко Славески член на ИК на ВМРО ДПМНЕ вечерва на трибина на отворено на тема економија.

– Ние реагираме жестоко за еколошката такса и аргументирано против воведување на таква давачка, таков намет на граѓаните. Ова не е никаква еколошка такса и еден вид на кризен данок којашто сака да се продаде како еколошка такса и проблемот е што тајмингот е многу лош затоа што таков вид на давачки не се воведуваат во екот на кризата, а кризата кај нас е далеку од тоа да е помината – рече Славески.






Тој истакна дека ефектот кој СДСМ го замислиле од оваа мерка нема да биде воопшто позитивен и дека дополнително ќе ги оптовари компаниите кои и онака едвај ја преживуваат економската и ковид кризата.

– Оваа давачка не треба да се воведува затоа што ќе нема никаков ефект од оној што е замислен, имено слушнале некаде прочитале некаде, учени недоучени експерти на СДСМ дека наводно ќе го променат принципот загадувачот плаќа. Но овој концепт е спомнат во погрешен контекст. Како сите, не само возачите, туку и учесниците во сообраќајот, дека сите се загадувачичи, што не е точно. Економијата почива на трансакциите и на транспортот и овој принцип воопшто не држи – вели Славески.

Тој потенцираше дека ваквата предложена давачка од страна на СДСМ не само што ќе ги намали буџетите на граѓаните туку и ќе влијае врз покачување на сите цени што дополнително ја прави неоправдана мерка.

Според Славески, од друга страна, тоа ќе влијае на намалување на потрошувачката на гориво и дека можеме самите да се увериме дека во последнава година за 14 денари е зголемена цената на бензинот и на дизелот.  И кога секојдневно расте цената на горивата да воведувате дополнителна давачка којашто не само ќе го оптовари буџетот на граѓаните туку ќе влијае на зголемување на сите цени коишто зависат од транспортните трошоци е сосема неоправдана мерка.

Поврзани содржини