Славески: Потребни се порестриктивни мерки, инаку ќе трпи економијата
Смета дека во оваа ситуација со над 400 позитивни секој ден, веќе не може да се спроведува протоколот на СЗО за следењето со контактите.
Универзитетскиот професор Трајко Славески во емисијата „24 анализа“ посочи дека кај нас со денови и недели стапката на позитивност надминува над 20 проценти.
Смета дека во оваа ситуација со над 400 позитивни секој ден, веќе не може да се спроведува протоколот на СЗО за следењето со контактите.
– Ова е здравствена катастрофа. Не може да се постигне консензус во оваа ситуација, особено со луѓе кои ја потценуваат болеста, не веруваат во неа, веруваат во заговори, и сметам дека се потребни порестриктивни мерки. Инаку економијата уште повеќе ќе трпи – рече Славески.
Тој смета дека владата задоцнила со мерките и рестрикциите кои требало порано да се применат.