„СЛАВЈАНКА ИЗГУБИ КОНТРОЛА ВРЗ СЕБЕ“ Петровска го обвини Мицкоски дека одобрува мафијашки пресметки, од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност за клеветите
„Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите. Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази за тоа. Ако лицето кое го посочува е познат лик од скопското подземје и министерката Славјанка го знаела тоа зошто не го уапсиле додека биле на власт?“ - праша ВМРО-ДПМНЕ.
Славјанка Петровска, откако изгуби за претседател на СДСМ, изгуби и контрола над себе, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако Петровска на Фејсбук напиша дека „лично Мицкоски стои и ги одобрува мафијашките престрелки“, алудирајќи на пукањето синоќа во Сингелиќ и на убиството што се случи денеска во Скопје.
„Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка, или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите. Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази за тоа. Ако лицето кое го посочува е познат лик од скопското подземје и министерката Славјанка го знаела тоа зошто не го уапсиле додека биле на власт?
Дека написот на Славјанка е гнасен и одраз на една внатрешна состојба на злоба и лична фрустрација. На Славјанка не ѝ пречеа ни грчеци, ни фантоми, ни Бела ноца, ни Барон цели 7 години збор не гукна, се јави сега после подолг одмор на луксузна дестинација.
Што мислат граѓаните за нејзе и за нејзината работа кажаа на изборите кои беа пред неполни 3 месеци. Оваа влада е неполни 2 месеци на власт. Институциите и улиците се полни со бандити кои изминативе 7 години ја презедоа државата со помош на корумпираните водства на ДУИ и на СДС чиј значаен дел беше Славјанка, која ќе повториме, сѐ додека седеше во фотелјата не гледаше ништо што се случува. Но, затоа и ја добија казната. Народот гледа што се случува и е свесен каква држава ВМРО-ДПМНЕ наследи и дека е потребно време да се фатат конците.
Криминалот на претходната власт и нејзините инсталации е метастазиран. Но, да знае и Славјанка и сите оние имаат дилеми, Македонија ќе успее. И Македонија ке победи!
Морбидноста на СДС оди дотаму што се подготвени и врз вакви случаи да прават дневна политика. Срамно морбидно и мизерно.
Дополнително, после ова реакција очекуваме дека Славјанка Петровска ќе излезе со сожалување за себе си, како немоќна и кутра женичка против која е целиот свет, но всушност таа во тоа име се расфла со клевети и покажува внатрешни фрустрации“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска на својот профил на Фејсбук напиша:
„Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицкоски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор.
Лично Мицкоски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат. Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицкоски не е монтирана е и фактот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицкоски. Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете.“