СЛАВЈАНКА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ ОТКАКО РУСИТЕ ГИ УНИШТИЈА МАКЕДОНСКИТЕ ТЕНКОВИ Ќе испратиме нова воена помош за Украина
Петровска најави дека во тек се разговори за испраќање нова воена помош за Украина и додаде дека и покрај сите скептици и дезинформации, НАТО сојузниците се грижат едни за други и си помагаат.
Македонија ќе продолжи со поддршката на Украина во борбата за нејзиниот територијален суверенитет и интегритет, вели за Канал 5 министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Петровска најави дека во тек се разговори за испраќање нова воена помош за Украина и додаде дека и покрај сите скептици и дезинформации, НАТО сојузниците се грижат едни за други и си помагаат.
Потпишан е договорот за набавка на системот за противвоздушна одбрана од Франција, објави Петровска и објасни дека стратешките документи за развој предвидуваат неопходност од ваков систем за Армијата.
Инаку, РИА Новости денеска објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ пристигнаа како воена помош од Македонија и од Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.
ПУТИН-СЛАВЈАНКА 1:0 Руските сили ги „стопија“ тенковите што ѝ ги испрати Македонија на Украина