Слаткар за Плусинфо: Можам да се вакцинирам во Србија, ама ќе си го чекам редот во Македонија

Јас ќе чекам да дојде мојот ред овде, кога и да се случи тоа, ако е потребно ќе чекам уште една година. Но, ниту јас, ниту мојата сопруга, ќе одиме во Србија на вакцинирање – изјави Слаткар.

2,332

Голем број македонски граѓани кои поседуваат српски пасош или српска лична карта деновиве почнаа да се пријавуваат за вакцинирање против ковид-19 во Србија.

Но, сепак, има и такви кои нема да го искористат своето право на вакцинација, туку ќе ги чекаат вакцините да пристигнат во Македонија.






Еден од тие примери е познатиот пејач Марко Маринковиќ-Слаткар, кој во разговор со Плусинфо рече дека ќе си го чека својот ред во Македонија.

– Јас сум роден тука, овде сум израснат и нема зошто да одам во Србија да се вакцинирам. Секако, имам можност да го направам тоа, но јас не припаѓам во ниту една ризична група, па затоа ќе им го препуштам моето место на оние кои се загрозени. Јас ќе чекам да дојде мојот ред овде, кога и да се случи тоа, ако е потребно ќе чекам уште една година. Но, ниту јас, ниту мојата сопруга, ќе одиме во Србија на вакцинирање – изјави Слаткар.

Српски „Блиц“ објави дека во Србија досега се вакцинирале над 4.000 странски државјани и дека за сите нив вакцината е бесплатна.

Поврзани содржини