СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и во Иран

Потресот се случил утрово во 5:21 часот, на околу 9 километри југозападно од Тетово, на длабочина од 5 километри.

1

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во Тетово и во околината, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Потресот се случил утрово во 5:21 часот. Епицентарот е на околу 9 километри југозападно од Тетово, на длабочина од 5 километри.






Се работи за земјотрес со послаб интензитет, кој најмногу го почувствувале граѓаните во непосредна близина на епицентарот.

Утрово во 5:46 часот земјотрес со јачина од 3,1 степени е регистриран во Хрватска. Епицентарот е во близина на Сисак, на длабочина од 10 километри, според податоците на ЕМСЦ.

„Утрово, 3 март 2026 година, во 5:46 часот наутро, Сеизмолошката служба регистрирала слаб до умерен земјотрес со епицентар 4 километри западно од Сисак. Магнитудата на земјотресот била 3,1 степен според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил 4 степени според ЕМС скалата. Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Сисак, Петриња, Загреб и околината“, соопшти Хрватската сеизмолошка служба.

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денека го погоди Иран. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 211 километри од градот Шираз. Нема извештаи за повредени или за материјална штета.

Поврзани содржини