СЛАБ СНЕГ ПРОВЕЈУВА НА ПРЕВОЈОТ ЃАВАТО Сообраќајот на патиштата е умерен

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

153

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува провејува на планинскиот превој Ѓавато, информира Авто мото сојузот (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини