Слаѓана Милошевиќ итно префрлена во болница, се наоѓа во критична состојба

1,934

Српската пејачка Слаѓана Милошевиќ била префрлена Ургентниот центар во Белград, наводно поради внатрешно крвавење.

Здравствената состојба на познатата пејачка не е добра, пишува сајтот на телевизија „Прва“.






Во болницата ѝ била укажана итна лекарска помош откако лекарите одлучиле да ја задржат во болницата, бидејќи состојбата нагло ѝ се влошила.

Иако сè уште нема официјални информации зошто таа се лекува во болницата, познато е дека не станува збор за коронавирусот.

Поврзани содржини