„СКРШЕНОТО СРЦЕ“ ЗАЗДРАВУВА ЗА 3 МЕСЕЦИ За колку време ќе го преболите раскинувањето зависи од една важна особина
Според истражувањето, на 71% од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 недели за промена кон подобро. До крајот на тие 3 месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон позитивните промени по раскинувањето.
На луѓето во просек им се потребни 3 месеци за да закрепнат по болен прекин на љубовна врска, покажува истражување објавено во британски „Журнал“.
Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност што ги поттикнува повредените личности дури и поцврсто да се „држат“ за она што веќе не е достапно. Тогаш стануваат збунети, гневни, тажни и фрустрирани. Ако имаат и ниска самодоверба, тие постојано ќе се обвинуваат и ќе се омаловажуваат, потешко ќе го преболат раскинувањето и побавно ќе „заздрават“.
Проценувањето колку долго ќе трае лошата состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.
Според истражувањето, на 71% од 155 млади лица им требале околу 11 недели за промена кон подобро. До крајот на тие 3 месеци, испитаниците ги гледале добрите страни на нивното раскинување. Во тој период почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон позитивните промени по раскинувањето.