СКРШЕНОТО НЕ СЕ ЛЕПИ Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Седлоски еднаш беше отпуштен во есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, но набргу потоа беше вратен на тренерската позиција.

151

Раководството на македонскиот фудбалски шампион Шкупи денеска одлучи да ја прекине соработката со тренерот Гоце Седлоски.

Ова е втор отказ за поранешниот македонски репрезентативец кој на тимот од Чаир минатата година му ја донесе титулата, прва по „ерата“ на Слога Југомагнат.






Седлоски еднаш беше отпуштен во есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, но набргу потоа беше вратен на тренерската позиција.

Информацијата за разделбата со Седлоски, Шкупи се очекува официјално да ја потврди попладнево.

Засега не е објавено кој ќе го наследи Седлоски на местото шеф на стручниот штаб на Шкупи.

Поврзани содржини