СКРШЕНИ СМЕ, НИЕ СМЕ СЕМЕЈСТВО Конечно се огласија Џенифер, Кортни, Лиза, Мет и Дејвид за смртта на Метју Пери

Славниот актер и ѕвезда на серијата „Пријатели“, Метју Пери во саботата почина на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.

784

Славниот актер и ѕвезда на серијата „Пријатели“, Метју Пери во саботата почина на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.

Причината за смртта сè уште не е официјално потврдена, а странските медиуми јавија дека асисетентот го пронашол мртов во џакузи. Целиот свет и бројните колеги се збогуваат со харизматичниот Чендлер, а многумина ја чекаа објавата на неговите колеги од култната серија. Неодамна беше објавено дека славната петорка заедно ќе излезе со соопштение, што сега е направено:






„Сите сме скршени од загубата на Метју. Бевме повеќе од колеги. Ние сме семејство. Имаме толку многу да кажеме, но токму сега ќе одвоиме момент да тагуваме и да се соочиме со оваа незамислива загуба. Со текот на времето ќе кажаме повеќе, како и кога ќе можеме. Засега, нашите мисли и нашата љубов се со семејството на Метју, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот“, се наведува во пораката потпишана од Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Метју Лебланк и Дејвид Швимер.

Славната шесторка глумеше во „Пријатели“ од 1994 до 2004 година. Тие снимија 10 сезони од култната серија.

Поврзани содржини