СКРШЕН МИТОТ ЗА АСПИРИНОТ! Ако го земате секој ден, бидете внимателни

Информацијата дека е добро да се зема аспирин секој ден, за некои отсекогаш била чудна и неприфатлива. Зошто би било добро секој ден да се пие апче - се прашуваа многумина. И еве, по долгогодишно чекање, конечно се појави одговорот на тоа прашање.

1,409

Експертската комисија на американската влада изјавила дека повеќе не препорачува дневна доза аспирин со цел да се намали ризикот од срцев удар и мозочен удар кај луѓе постари од 60 години.
Луѓето на возраст меѓу 40 и 59 години, кои се изложени на поголем ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања, но немаат историја на болеста, треба да се консултираат со својот лекар и да донесат индивидуална одлука дали да започнат со земање на лекот.

Оваа изјава претставува голема пресвртница во американската медицинска област, каде секојдневната употреба на аспирин е распространета практика.






Аспиринот е лек кој ја разредува крвта, го спречува создавањето на згрутчување на крвта и го намалува ризикот од срцев или мозочен удар.

Од 2016 година, Работната група за превенција, владин медицински експертски комитет, препорача дневна доза на аспирин за луѓето во педесеттите години кои имаат 10 проценти поголем ризик од срцев или мозочен удар во следните 10 години.

Исто така било речено дека за лицата изложени на ризик во нивните 60-ти години, одлуката за земање аспирин треба да биде индивидуална.

Но, веќе неколку години студиите ги  проблематизираат овие препораки.

Сега експертите велат дека придобивките од аспиринот не се доволни за да се избалансира зголемениот ризик од крварење, особено во мозокот или цревата, кај постарите лица.

„Секојдневната употреба на аспирин може да помогне во спречување на срцев и мозочен удар кај некои луѓе, но исто така може да предизвика потенцијално сериозна штета, како што е внатрешно крварење“, рекол членот на работната група, Џон Вонг.

„Важно е за луѓето кои се на возраст од 40 до 59 години и немаат историја на срцеви заболувања да разговараат со својот лекар за да одлучат заедно дали е добро за нив да започнат да земаат аспирин.

Овие нови препораки се уште не се конечни. Тие ќе бидат отворени за јавна дискусија до почетокот на ноември.

Тие исто така не се однесуваат на пациенти кои земаат аспирин по мозочен удар или срцев удар, се вели во соопштението.

Земањето аспирин за да се намали ризикот од срцеви заболувања е често спонтана одлука на многу Американци.

Според една студија од 2017 година, 23 проценти од возрасните на возраст од 40 години и постари кои немаат кардиоваскуларни заболувања земале аспирин како превентивна мерка, од кои 23 проценти го направиле тоа без препорака од доктор.

Фото: Pixabay

Поврзани содржини