„СКРОМНИТЕ ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ СТАНАА ЧЕТВОРИЦА“ Јаревски го обвини Пендаровски дека барал 51.000 денари за четвртиот вработен
Два месеца откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај трите редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на четврто лице, вели Јаревски.
Стево Пендаровски барал да се ангажира четврто лице во неговиот кабинет за сума од 51.000 денари, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
– Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеца откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај трите редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на четврто лице. Сумата која Пендаровски ја барал за ангажирање на четвртото лице е 51.000 денари. Стево Пендаровски ги манипулира граѓаните и лажно се претставува за скромен, а всушност бара повеќе од тоа што јавно се го изјавуваше – рече Јаревски и додаде дека Пендаровски ги менува ставовите по потреба.