СКРОМНИОТ МИЛИЈАРДЕР Илон Маск живее во монтажна куќа од 50.000 долари (ВИДЕО)
Илон Маск сите свои недвижности, освен куќата во Калифорнија („Тесла „дом на настани“), ги продал и се преселил во Тексас, но не во некоја репрезентативна област, а особено не во вила.
Верувале или не, неговата домашна адреса е Бока Чика, а во прашање е мобилна куќа во вредност од околу 50.000 долари.
Тој не ја ни купил, туку ја изнајмил – од компанијата „Спејс икс“. Како што дознава Тесларати, станува збор за куќа од понудата на компанијата „Боксабл“.
Моделот е „Касита“, а нуди површина од околу 37 квадратни метри.
Внатре има спална соба, дневна, бања и кујна.