Скромниот Кијану Ривс повторно воодушевува: Сам ги носи ќесите ФОТО

1,049

Холивудскиот актер Киану Ривс (56) има репутација на една од најприземните и најсрдечните филмски sвезди. Тој донираше најголем дел од својата заработувачка од најуспешните филмови на болници и за борбата против леукемија. Откако неговата сестра Ким се разболела од рак, Ривс донира, а од милионите што ги пренасочува на друга адреса, тој никогаш не направил медиумски помпа ниту се фали дека е дарежлив.

Ривс никогаш не се вклопувал во холивудските стереотипи, па така тој последните денови ужива во Берлин со својата девојка, уметницата Александра Грант, додека го снима филмот „Матрикс 4“.  Обожавателите на шега коментираа дека Ривс е единствената холивудска sвезда која сама си ги носи своите торби.






Ривс немаше сериозна врска со децении, или барем јавноста не знаеше за тоа, но лани сè се смени.

Актерот тогаш првпат се појави со новата девојка во Музејот на модерна уметност во Лос Анџелес.

Ривс се обидува да го задржи неговиот приватен живот што е можно подалеку од очите на јавноста, но тој повторно успеа да ги освои обожавателите со својата едноставност.

Исто како порано, кога беше „фатен“ безброј пати како им помага на бездомниците и со нив попатно испива по некој пијалак и разговара, а луѓето ги паметат и неговите возења во метрото, како да не е во прашање главниот лик на филмските франшизи што заработија стотици милиони долари.

 

Foto: Instagram/Keanu Reeves Fun Page

 

 

FOTO: Tviter

Поврзани содржини