СКРИНИНГОТ ОТКРИ 6 ПОЗИТИВНИ УЧЕНИЦИ Само 5.900 деца се вакцинирани против ковид-19
Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за ковид-19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.
Само 6 деца биле позитивни на ковид-19 од тестирани 1.323 ученици во средни и во основни училишта во целата земја, покажаа последните податоци од скринингот на Министерството за здравство.
Овие тестирања се направени на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, меѓу 725 основци од 1 до 9 одделение и 598 средношколци.
ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик постапува согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот ковид-19 меѓу учениците во училиштата.
Министерството за здравство информира дека во моментов во земјава 885 деца на возраст од 0-17 години се активни, а 15 се позитивни на ковид-19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.
Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за ковид-19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.
Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава.