Скрининг за евентуално стекнатиот имунитет во Дебар и околината

505

Напарвивме целосен распоред за активност преку матичните лекари во Дебар и околината за начинот на скрининг на пациентите со антитела, информира министерот за здравство Венко Филипче.

– Со оглед на тоа што таму е фаза на епидемијата во која нема новодијагностицирани пациенти сметаме дека ќе биде добар примерок за тоа каква е состојбата на населението во смисла на евентуално стекнување на имунитет и врз основа на тој репрезентативен примерок епидемиолозите ќе прават анализи и план за понатаму- рече Филипче.






Тој информира дека вчера завршил увидот на Судска медицина за двете починати лица од Велес и дека таму има дополнителни информации кои ќе бидат земени предвид при финалниот извештај кој пота ќе биде презентиран во јавноста и секако времето на смртта а пропо наодот за позитивен брис на ковид-19.

Министерот информира и дека утре ќе се дискутира за барањето на родители на деца со аутизам за нивното движење во различни делови од денот и дека за ова ќе известат утре.

Поврзани содржини