Љубовта на Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ со години предизвикува воодушевување меѓу обожавателите на легендарниот новосадски кантавтор.
Колку Ѓоле ја сакал својата сопруга, покажува и симпатичната скриена порака што ѝ ја испратил преку албумот „Дневник старог момка“ од 2001 година. Секоја од вкупно дванаесетте пораки на тој албум носи некое женско име, но тие имиња се подредени така што почетните букви ја формираат реченицата „Olja je najbolja“ (Оља е најдобра).
Отилија
Лјeрка
Анкица
Јарослава
Елеонора
Невена
Анита
Јулија
Бранислава
Огнена
Лјудмила
Ангела
Балашевиќ во текот на кариерата, на сопругата ѝ посвети песна наречена по неа, а тој беше погребан со таа песна во неделата во Нови Сад.
Славниот кантавтор ѝ посветил и други песни на Оливера, една од најпознатите е „Провицијалка“, која зборува за почетокот на нивната врска и за состаноците пред студентскиот дом во кој живеела Оливера.