Скратена можноста извршителите да ја повлечат државната помош од подсметките на граѓаните

Според портпатолот на Владата Душко Арсовски, тоа е содржано и во Законот за финансиска поддршка на граѓаните.

428

Помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите, а извршителите нема да можат да земаат пари од подсметките на лицата кои добиле финансиска помош за справување со коронакризата, изјави на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

– Во законот за финансиската помош стои дека од подсметките не може да се земаат средства односно извршителите да наплатуваат – рече Арсовски.






Тој рече дека се обработени сите приговори но конкретните бројки ќе бидат соопштени подоцна  денеска.

Според него во најголем дел од приговорите кои не биле прифатени се работело за граѓани кои веќе добиле помош во третиот сет мерки и дека политиката на Владата е да бидат опфатени што е можно повеќе граѓани.

За одбиени поединечни случа, додаде тој, информации поседуваат институциите од чии евиденции се преземени податоците за граѓани на кои им следува оваа помош, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување и од нив треба да се бараат одговори.

Финансиската поддршка од 6000 денари е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Оваа мерка е дел од четвртиот пакет и опфаќа над 280 000 граѓани, кон кои се исплаќаат 27,5 милиони евра.

 

Поврзани содржини