СКОРО ДВОЈНИ ПЛАТИ ЗА ХИГИЕНИЧАРИТЕ Герасимовски вети нови придобивки, се решаваат и вработувањата

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, им се заблагодари на хигиеничарите за нивната работа и најави целосна регулација на статусот на вработените, како и континуирано зголемување на платите.

432

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, им се заблагодари на хигиеничарите за нивната работа и најави целосна регулација на статусот на вработените, како и континуирано зголемување на платите.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера се дружеше со хигиеничарите во Паркот на франкофонија, каде што лично им се заблагодари за нивната неуморна работа и посветеност.






– Сакам да ви се заблагодарам за макотрпната работа што ја имате секојдневно и што не ги оставате центарци да живеат во смет. Секој ден ги расчистувате улиците, ги полевате зелените појаси и го разубавувате центарот на градот. Благодарение на вас, целиот смет во Центар е исчистен – истакна градоначалникот Герасимовски.

Тој потсети дека изминативе години соработката со вработените во хигиената била на завидно ниво и изрази уверување дека и во наредниот мандат ќе продолжи со уште подобра динамика.

– Она што го договаравме на почетокот, скоро целосно го реализиравме, остануваат уште малку работи кои заедно ќе ги довршиме. Во делот на платите го отпочнавме процесот и верувам дека веќе следната година ќе го завршиме. Повеќе од половината од колегите што беа непријавени веќе се регулирани, а останатите наскоро ќе бидат завршени. Исто така, зголемувањето на платите беше и ќе остане наш приоритет, кога ќе расте просечната плата, ќе растат и вашите плати – рече Герасимовски, потсетувајќи дека платите во овој сектор во последните години речиси двојно се зголемиле.

Герасимовски ја нагласи својата подготвеност да остане отворен за барањата на вработените.

– Да знаете дека сме тука, сме биле тука и ќе бидеме тука да заедно се договараме и излегуваме во пресрет на сите ваши барања – изјави тој.

Поврзани содржини