„СКОПСКО“ ПРОДОЛЖУВА СО МИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДНИТЕ БОГАТСТВА Од март нови активности со платформата „Наша гордост, наша одговорност“

Од март почнуваме со кампања „Заедно се грижиме за планините“ преку која, од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета, ќе се собираат средства за активности посветени на чистење и обезбедување урбана инфраструктура на нашите планини, велат од Пивара.

117

Платформата „Наша гордост, наша одговорност“ на „Скопско“ продолжува, информираат од Пивара Скопје. Како што велат од компанијата, идејата е да се заштитат природните богатства на Македонија.

„Платформата за општествена одговорност на ‘СКОПСКО’, ‘Наша гордост. Наша одговорност.’ докажа дека заедничката акција носи вистински промени. Во изминатите две години, во кои во фокус беше Охридско Езеро, преку многубројни еколошки иницијативи – од чистење на природното богатство до поттик за селектирање – граѓаните се мобилизираа за позелена иднина“, се вели во соопштение до јавноста.






Од Пивара Скопје велат дека „СКОПСКО“ во 2024 година организираше две големи акции за чистење на Охридско Езеро.

„Во јуни, 170 волонтери и нуркачи собраа 120 кубни метри отпад од брегот и дното на езерото. Во октомври, со поддршка од нуркачкиот клуб „Амфора“, беа отстранети 3.800 метри напуштени рибарски мрежи, кои го загрозуваа езерскиот екосистем. Со чистење на овие т.н, мрежи духови се обновуваат местата каде што порано се мрестеле пастрмките што придонесува кон враќањето на ендемските видови во нивната природна средина“, се вели во написот на Пивара Скопје.

Компанијата порачува дека „оваа платформа, меѓу другото, има цел да ги едуцира и да ги поттикне граѓаните да селектираат и самите да направат промена со која ќе ги заштитат нашите природни убавини“.

Преку апликацијата „Екомак “, „СКОПСКО“ воведе промотивна акција „Поен за тебе, поен за природата!“, која им овозможува на граѓаните да селектираат амбалажа и да собираат „зелени поени“. За таа цел Пивара Скопје преку „СКОПСКО“ донираше две нови вендинг машини во Охрид и Струга. За два месеца беа собрани 120.000 парчиња амбалажа, а иницијативата продолжи низ целата држава.

Компанијата информира дека оваа година „СКОПСКО“ продолжува со активности во рамки на платформата, „овој пат со фокус на нашите планини“.

„Од март почнуваме со кампања „Заедно се грижиме за планините“ преку која, од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета, ќе се собираат средства за активности посветени на чистење и обезбедување урбана инфраструктура на нашите планини“, велат од Пивара Скопје.

Поврзани содржини