„Скопско“ им подари специјално дизајнирани лименки со пиво на фудбалерите (ФОТО)
Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство, соопшти компанијата.
Специјално дизајнирани лименки со пиво им подари Скопска пивара на македонските фудбалери кои ќе играат на претстојното Европско првенство. На лименките е напишана здравицата „Со цело срце за вас“, како и потписот и бројот на дрес што го носи секој наш репрезентативец, соопштија од Скопска пивара.
– Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица како што е овој историски успех на македонската репрезетација. Со специјалната едиција на лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што нѐ направивте горди! – изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.
Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство, соопшти компанијата.