Скопските градоначалници со поддршка за полицајците што го одржуваат полицискиот час (ГАЛЕРИЈА)

Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба.

919

Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот Петре Шилегов и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови во сите скопски општини и го посетија СВР Скопје.

 

Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје.

 






Во денешната обиколка беа скопските градоначалници Стефан Богоев, Саша Богдановиќ, Златко Марин, Филип Темелковски, Велимир Смилевски, Борис Георгиевски и Александар Наумовски.

 

Тие на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје.

Поврзани содржини