Скопскиот муфтија до верниците: Честитки за Курбан Бајрам преку телефон и преку социјалните мрежи

1,079

Земјаќи предвид дека оваа година освен светската пандемија ковид-19, се соочуваме и со болеста Син јазик кај животните, верниците да внимаваат со купување и колење на курбани во своите домови, но тоа да го направат или преку Исламската верска заедница, или преку надлежните каде соодветно санитарните и верските стандарди прават колење на курбаните, порача Скопскиот муфтија Кенан Исмаили на прес-конференција.

Тој додаде дека планираат денеска да објават видео спот со што ќе ги потенцираат локациите каде ќе бидат поставени овие контејнери од страна на претпријатието.






– Ние сме подготвени за утрешниот ден. И со одборите на џамиите и со имамите, ги анулиравме сите манифестации поврзани со Курбан Бајрам за што пократко да стоиме во џамаија и тоа само во времето додека се клања, 15 до 20 минути. Уште минатата недела преку џамиите, верниците ги упативме верскиот празник да го помнат во домашен амбиент, и да си честитаат преку телефон и преку социјалните мрежи. Верниците муслимани овој пат да бидат повнимателни за празникот Курбан Бајрам – рече мифтијата Исмаили.

 

Поврзани содржини