СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НЕ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ НАМАЛЕНАТА ВИДЛИВОСТ Патниците да ги следат ажурирањата на летовите, порачува ТАВ Македонија
Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен, велат од ТАВ Македонија давајќи информации за бројот на откажани и пренасочени летови.
Mеѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови, порачуваат од ТАВ Македонија по шпекулациите во некои медиуми дека аеродромот бил времено затворен.
ТАВ Македонија истакнувадека поради маглата и намалената видливост денеска, 20 декември, од од 00:00 часот до 18 часот, биле откажани 16 и пренасочени 11 летови.
„Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и за Баден-Баден.
Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта“, велат од ТАВ Македонија.
„Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен.
Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците“, се вели во соопштението и се посочува на веб-страницата и телефоните на Меѓународниот Аеродром Скопје како начини за информирање за летовите и нивното ажурирање.