СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ E НАГРАДЕН ЗА КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ Изборот го направија патниците

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го заврши јануари 2024 година со  243.244 патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што претставува пораст од 47% во однос на јануари 2023 година.

747

Меѓународниот aеродром Скопје повторно ја добива наградата за квалитет на аеродромски услуги во категоријата „Најдобар аеродром во Европа од 2 до 5 милиони патници“ за 2023 година која се додаелува  од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World).

Меѓународниот совет на аеродроми денеска ги објави аеродромите победници од сите континенти и региони.






По тој повод Меѓународниот аеродром Скопје ги почести патниците со слатки и им овозможи пред полетување да си направат инстант-фотографии за спомен, преку фото-кабина. Истовремено, ТАВ Македонија ја искористи приликата повторно да ги чуе мислењата на патниците за услугите на скопскиот аеродром.

Во споредба со другите програми во авијациската индустрија, Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ program) е водечка светска програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромот и создавање одредници, и се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.

Според квотата на програмата ASQ, минатата година вкупно 1.460 патници биле анкетирани на Меѓународниот аеродром Скопје, при што агентите на терен кои ги прават анкетите за ASQ интервјуирале најмалку по 350 патници во секој квартал.

На глобално ниво, во 2023, повеќе од половина од патниците во светот поминале низ ASQ аеродром, што го потенцира кредибилитетот и влијанието на оваа програма во обликување на стандардите за супериорни аеродромски услуги.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го заврши јануари 2024 година со  243.244 патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што претставува пораст од 47% во однос на јануари 2023 година. Истовремено, бројот на летови на двата аеродроми во првите два месеци достигна 1.931, што е годишно зголемување од 38%.

Поврзани содржини
na