Скопски угостители ќе платат по 3.600 евра казна за непочитување на здравствени мерки

При контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитува пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека се  даваат угостителски услуги на четири лица седнати на иста маса а не се едно семејство.

437

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје  поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко лице – управител и едно правно лице – угостителски објект, заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот како одговорно лице – управител на правното лице не постапил според одлуките за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус  донесени од Владата со кои се регулира работењето на угостителските објекти  и начинот на послужување гости. При контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитува пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека се  даваат угостителски услуги на четири лица седнати на иста маса а кои не се членови на семејство, што е спротивно на донесените здравствени прописи – информираа од ОЈО Скопје.

Обвинителството на Судот му предложи на управителот на правното лице  да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противредност, додека пак за правното лице предложена е парична казна во износ од 100.000 денари.

Поврзани содржини