СКОПСКИ ТАКСИСТ НАПАДНАЛ ПАТНИЧКА КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА 27-годишна жена од Штип побарала помош во полиција

Штипјанката била физички нападната во такси возило „рено“ од страна на такси возач А.М. (26) од Скопје.

762

27-годишна жена од Штип пријавила напад од таксист во неговото возило под Железничката станица во Скопје.

Имено, ноќеска во два часот во полициска станица Аеродром, штипјанката пријавила дека околу 1.20 часот под Железничка станица во Скопје, по претходно недоразбирање, била физички нападната во такси возило „рено“ од страна на такси возач А.М. (26) од Скопје.






Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини