СКОПСКИ КРИВИЧЕН НЕ ПОДЛЕГНА НА ПРИТИСОЦИТЕ НА ВИЛМА РУСКОВСКА Миле Јанакиески нема пак да оди во притвор, ќе се брани од слобода
Миле Јанакиески одлежа 3 години во притвор, дел од ефективен дел во домашен. Се очекува правните експерти да ја поздрават најновата одлука на Кривичниот суд Скопје, кој не подлегна на притисоците на обвинителката Русковска, кои во случајот со Јанакиески се граничат со изживување.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески, донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован.
Апелациониот суд Скопје, со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 година, обвинетиот Јанакиески му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост.
Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше предвид одлуката на второстепниот суд и воедно смета дека и во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот.
Останува да се види дали Обвинителството со кое раководи Вилма Русковска ќе го обжали и ова решение, за што има рок од 3 дена.