Скопски клуб на музичари тврди дека МВР и Пазарната инспекција по грешка киднапирале девет нивни членови
Според оваа невладина организација станува збор за тортура и груба грешка, која очекуваат надлежните да ја признаат и исправат, а во спротивно како што велат, ќе бидат принудени да реагираат со кривична пријава, а најавуваат дека за настанот ќе ги известат и амбасадите во земјава.
Скопски Клуб на музичари во реакција до медиумите обвинува дека МВР спротивно на законот привела девет нивни членови кои во ноќните часови, но не во време на полициски час, како што тврдат, одржувале состанок на кој полицијата упаднала и ги пречекорила своите овластувања затоа, што, привела луѓе кои биле на отворен простор, а во медиумите соопштиле дека биле во угостителски објект.
Клубот на музичари, кој вели дека ги штити и брани интересите на македонските естрадни уменици, тврдат дека Пазарната инспекција, иако немала овластувања врз невладини оргнизации, упаднала заедно со полицијата во нивното седиште додека се одржувал состанокот и откако привеле деветмина го пломбирале објектот.
Според оваа невладина организација станува збор за тортура и груба грешка, која очекуваат надлежните да ја признаат и исправат, а во спротивно како што велат, ќе бидат принудени да реагираат со кривична пријава, а најавуваат дека за настанот ќе ги известат и амбасадите во земјава.
Во продолжение реакцијата на Клубот на музичари во која има и документ, односно решение од Централниот регистар, како доказ дека ја зборуваат вистината за нивното седиште во кое бил направен упадот.